| четврток, 6 декември 2018 |

Свонси го сопре налетот на Ливерпул (видео)

Свонси го сопре стартниот налет на Ливерпул во Премиерлигата и за првпат во четири кола не му дозволи на тимот од „Енфилд Роуд“ да победи, играјќи 2-2. Поранешниот играч на Ливерпул Шелви беше главен актер на натпреварот, а постигна гол за Свонси за предност од 1-0, потоа погреши и беше директен виновник за пресвртот на Ливерпул за 1-2, но се извади со асистенција до Мичу за конечни 2-2. Головите за гостите ги постигнаа Стариџ и Мосес.

Ливерпул и со реми, остана лидер на табелата со 10 бода, пред лондонските клубови Арсенал и Тотенхем кои имаат по 9 бода. Зад нив квинтетот од пет екипи со по 7 бода го предводи двоецот од Манчестер, Јунајтед и Сити, заедно со Челси, Стоук и Њукасл.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top