Партизанските филмови со сите свои особености се жанр кој настана во југословенската кинематографија и во ниту една друга и стекнаа висока гледаност и популарност.
Тие се југословенски, настанати во Југославија, а поддржувани од повеќе продуценти и по прашањето на правата на нив сега има потешкотии.
-Од денешна перспектива гледано формално правно би можело да се рече дека му припаѓаат на главниот продуцент. Во случајот со филмот „Валтер го брани Сараево“, „Диверзанти“, „Мост“ и „Партизанска ескадрила“, тоа е „Босна филм“. Но, ако излеземе од формално-правните рамки, филмовите им припаѓаат и на уметниците, авторите… На пример, ако направиме анкета со прашање „Чиј филм е ’Валтер го брани Сараево‘? веројатно најголем прој испитаници ќе речат на Бата Живоиновиќ, вели Радослав Зеленовиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.