Финска се прости од Евробаскет 2013 со победа против домаќинот Словенија со 92-76, во последниот натпревар од втората фаза што не одлучуваше ништо. Однапред беше познато дека Финците се елиминирани, како петтопласирани во Ф групата, а Словенија немаше шанси за првото место, ниту пак можеше да ја загуби втората позиција.
Растеретени без императив, Финците одиграа одличен меч, а шутираа извонредно. Со 17 тројки од 32 обиди го наполнија кошот на Словенците кои ги штедеа главните играчи за четвртфиналето против Франција. Џералд Ли со 17 поени беше најефикасен во победничкиот табор, Салин и Коивисто дадоа по 16 поени, додека Копонен го заврши натпреварот со 14 поени.
Кај Словенците Нахбар беше најефикасен со 15 поени, а уште само Балажиќ забележа двоцифрен учинок со 14 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.