| четврток, 6 декември 2018 |

Папарацо на велосипед се забил во Никол Кидман (видео)

Фотографот Карл Ву малку претерал во пристапот на својата задача кога се обидел да ја форографира Никол Кидман, така што на крајот ја турнал до велосипедот.

Имено, Никол Кидман по ревијата на Калвин Клајн се враќала во хотелот кога пред влезот ја пречекал Ву кој возел велосипед. За несреќа фотографот не успеал да закочи и се забил право во актерката.

Потресена Кидман станала со помош од асистентите и без чевли кривејќи на едната нога се вратила во хотелот. Како што јавуваат медиумите, таа ќе го тужи фотографот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top