Австралиско-американската ѕвезда Никол Кидман обелодени дека по разводот со Том Круз, а пред да се омажи за сегашниот сопруг Кит Урбан, извесен период била верена со рокерот Лени Кравиц.
Славната глумица во заедничко интервју за „Космополитен“ со ќерката на Кравиц, Зои, првпат ја откри оваа тајна од нејзиниот љубовен живот, стара 14 години.
– Зои ја знам од порано, бидејќи еден период бев свршена за нејзиниот татко. Се останато ќе остане во семејството, рекла Никол низ смеа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.