Јавните личности постојано се на мета на медиумите и честопати се сведоци на секс скандали кои потоа со години не престануваат да го полнат медиумскиот простор и да го привлекуваат вниманието на јавноста. Според изборот на „Ин магазин“ ова се топ 10-те најголеми секс афери на сите времиња.
1.Бил Клинтон, кој ја изневери Хилари со Моника Левински. Од тогаш па наваму, поради неговата позната изјава “Немав никаков сексуален однос со таа жена“, некои сметаат дека оралниот секс не е сексуален однос, а со тоа – не е ни неверство.

2.Британскиот принц Чарлс кој ја изневеруваше принцезата Дијана со Камила Паркер, жената која подоцна му стана сопруга.

3.Мерилин Монро и поранешниот претседател на САД Џон Кенеди. За воља на вистината, аферата никогаш не е потврдена, но приказната дека биле љубовници не престанува да ја дразни фантазијата на јавноста.

4.Наводното неверство на Бред Пит кон поранешната сопруга Џенифер Анистон никогаш не е докажано. На снимањето на филмот “Господин и госпоѓа Смит” Бред ја запозна Анџелина Џоли, а останатото е историја.

5.Џад Лоу ја изневери Сиена Милер со дадилката.

6.Тајгер Вудс освен што е шампион во голф, е шампион и во изневерување, па неговата сопруга Елин ја има изневерено со којзнае колку жени.

7.Актерот Хју Грант ја изневери Елизабет Харли со проститутка, а беше фатен на дело од полицијата.

8.Славниот Дејвид Бекам се најде во незгодна ситуација додека играше за Реал Мадрид. Неговата лична асистентка Ребека Лос ја откри нивната афера, а Викторија Бекам замижа на неверството.

9.НБА кошаркарот Кобе Брајант во 2003 година беше обвинет дека ја силувал 19-годишната хотелска рецепционерка Кетлин Фабер. Кобе призна дека имал сексуален однос со неа, но одрекуваше дека ја силувал. Неговата сопруга Ванеса цело време го поддржуваше, а Кобе никогаш не беше казнет. Случајот заврши со вонсудска спогодба.

10.Итан Хок кој ја изневери својата сопруга Ума Турман со дадилката на нивните деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


