Оперативната акција „Шпион“ траела цели две години и во неа има 22 осомничени, од кои 17 се уапсени, по тројца се трага, а двајца се веќе во затвор, соопшти МВР пред малку на прес-конференција.
Повеќето осомничени се уште се наоѓаат во полициските станици во Автокоманда и Карпош. Од МВР велат дека има многу доказен материјал за кој е потребно да се обработи, па оттука осомничените нема да бидат пратени пред истражен судија денес. Всушност за повеќето од нив се уште нема ни кривична пријава.
Покрај веќе објавените имиња во обработка се и инспектор од Агенцијата за разунавање, брат на скопски обвинител, како и поранешен оперативец на Воено-разунавачката служба.
Како што веќе пишувавме меѓу осомничените е и новинарот Зоран Божиновски бил воден под кодно име „Луди Милојко“. А, еве како тој го комнетираше сето ова.
Според МВР, шпионирале и бизнисмени и политичари. Меѓу 22 осомничени двајца се од Агенцијата за разузнавање, двајца од УБК, четворица се поранешни вработени од УБК, еден е од Министерство за одбрана, еден од Државниот архив. Ги уценувале шпионираните дека информациите до кои дошле преку шпионажа ќе ги објават на портали – велат од МВР.
Од нивните домови запленети се 27 лаптопи и персонални компјутери и се најдени голем број строгодоверливи документи, досиеја, 32 мобилни телефони, мемориски картички, УСБ-стикови. Сето ова го правале за пари, информациите ги продавале на странски разузнавачки служби или ги уценувале шпионираните за пари за да не ги објават информациите. Во домовите на уапсените биле запленети и 16 парчиња оружје.
МВР за утре најави нова прес конференција, до кога се очекува да се обработат запленетите материјали.
Што пишува во Кривичниот законик?
Шпионажа – Кривичен Законик на РМ
Член 316 (1)Тој што државната тајна ќе ја соопшти, предаде или ќе ја стори достапна на странска држава, организација или на лице кое им служи, ќе се казни со затвор најмалку четири години. (2)Тој што за странска држава или организација ќе создаде разузнавачка служба во Република Македонија или ќе раководи со неа, ќе се казни со затвор најмалку четири години. (3)Тој што ќе стапи во странска разузнавачка служба, ќе прибира за неа податоци или на друг начин ќе ја помага нејзината работа, ќе се казни со затвор од една до десет години. (4)Тој што прибавува тајни податоци или документи со намера да ги соопшти или предаде на странска држава, организација или на лице кое им служи, ќе се казни со затвор од една до десет години. (5)Ако делото од ставовите 1 и 4 е сторено за време на војна или непосредна воена опасност или предизвикало тешки последици за безбедноста, економската или воената моќ на Република Македонија, сторителот ќе се казни со затвор најмалку четири години. (6)Како државна тајна се сметаат податоците или документите што со закон или со друг пропис или со одлука на надлежниот орган донесени врз основа на закон, се прогласени за државна тајна и чие откривање имало или можело да има штетни последици за политичките, економските или воените интереси на Република Македонија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



