| четврток, 6 декември 2018 |

На Александар Поповски му го украле велосипедот пред Љубљанската драма

Македонскиот режисер Александар Поповски, кој работи во Словенија, деновиве на својот профил на „Фејсбук“ замоли да му го вратат велосипедот што му го украле пред зградата на Љубљанската драма.

photo

На течен словенечки јазик, кој мошне добро го совладал, Поповски бара градот Љубљана или Министерството за туризам да му дадат на заем еден велосипед бидејќи му е неопходен.

-Мислам дека ова не е во ред,  јас навивав за Словенија на евробаскетот и за таа цел отидов дури до Цеље. И второ, мислам дека не е во ред да се краде пред национални културни манифестации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top