| четврток, 6 декември 2018 |

Роналдо е гол-машина, со еден погодок по натпревар ќе го урива рекордот на Раул

Кристијано Роналдо го продолжи договорот со Реал Мадрид до 2018 година и со 17 милиони евра по сезона е најплатен играч на планетата, а сериозно го загрозува и клупскиот рекорд на легендарниот Раул Гонзалес. Со неверојатни 204 погодоци во досегашните 203 натпревари за Реал, Португалецот моментно е на шестата позиција на листата со вечни стрелци на „кралевите“. Тоа е нешто повеќе од гол по меч, а од него според просекот подобар е само Уго Санчес со 208 погодени удари на 201 натпревар, што го рангира опасниот мекискански стрелец на петтата позиција.

Прв е Раул со 323 гола на 741 натпревар, или во просек по 0,44, а рекордот му е сериозно загрозен, ако Роналдо продолжи во ист стил. Раул играше 16 сезони за Реал, а Роналдо за само 4 години оствари неверојатен биланс. По сезона популарниот CR7 дава над 50 гола и ако продолжи трендот до почетокот на 2016 година ќе избие на првото место.

Зад водечкиот Раул е Алфредо ди Стеафано со 307 гола, потоа е Карлос Сантилјана со 288 погодоци, а пред Санчес и Роналдо како четврторангиран е Ференц Пушкаш со 237 успешни реализации во противничките мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top