Почнува реконструкција на постоечките објекти и градбата на нови во казнено-поправниот дом „Идризово“ во Скопје.
Управата за извршување на санкции при Министерството за правда склучи договор со скопската подружница на словачката градежна компанија „Хемкостав“ (Chemkostav a.s.) од Михаловце, за осовременување на објектите и подобрување на условите за сместување на затворениците во „Идризово“. Висината на инвестицијата изнесува над 11,2 милиони евра. Градежната оператива има рок од 24 месеци за целосно да ги изгради новите зданија.
Планирано е прво да се отстранат постоечки објекти, по што ќе следува изградбата на три објекти за мажи од отвореното одделение, два објекти за мажи од полуотвореното одделение, реконструкција на административната зграда, ресторанот и тренинг центарот. Компанијата е должна да изведе нова пречистителна станица, да постави нова софистицирана безбедносна ограда и да ја изведе водоснабдителната, телекомуникациската, топловодната и сообраќајната инфраструктура, како и фекалната, канализационата и електричната мрежа. Финансиските средства за овој обемен проект се обезбедени од кредитот во износ од 46 милиони евра од Банката за развој при Советот на Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скандал во Идризово: Повеќе од два месеца нема лекови во затворот
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Разрешен директорот на затворот во Струга
-
Европскиот суд за човекови права пресуди: Имало тортура во тајни затвори на ЦИА во Романија и во Литванија