| четврток, 6 декември 2018 |

Битолчанката што ја бива за сѐ

stefanija

Младата Стефанија Милевска пред неколку години се појави пред „строгото“ жири составено од Игор Цамбазов, Калиопи и Тони Михајловски. Сепак, иако не дотурка далеку на „Мкаедонскиот идол“, 21-годишната битолчанка продолжи со својата љубов – музиката. Таа е студент на Нов Бугарски Универзитет – поп и џез пеење во Софија, Бугарија.

Стефанија уште од 4 годишна возраст се движи по модните писти, а сега е и кореограф во нејзиното студио за модерен балет. Покрај настапите низ многу македонски клубови во придружба на гитарата на профестор Сашо Поповски, таа денес го промовираше својот прв видеоспот. Песната „Бато“ е комплетно авторско дело на младата битолчанка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top