| четврток, 6 декември 2018 |

Рафаел Надал – глумец во сапунска серија

Најдобриот шпански тенисер, не се откажува од тенисот но започнува и нова активност – ќе глуми во мексиканска серија!

Надал неодамна најавил дека ќе се врати на тениските терени на АТП турнирот во Вина Дел Мар во Чиле. Тој потоа ќе игра во Бразил, а потоа и на турнирот во Акапулко во Мексико, кој е на програмата на 25-ти февруари.

Тој за време на турнирот во Мексико ќе сними епизода за хит серијата „Озборувачка: Акапулко“, која е мексиканска верзија на популарната американска серија.

Екс светскиот рекет број еден го нема на терените од јуни минатата година поради повреда на коленото.

Чичкото на Рафаел, верува дека Шпанскиот ас наскоро ќе се врати на врвот.

„Рафа тренираше напорно, беше многу агресивен. Сигурно ќе биде тешко да се врати во ритам после толку месеци пауза. Тој оди во Вина со доза на страв, но тоа е разбирливо. Таму ќе игра во дубл со Хуан Монако, па се надеваме дека бргу ќе влезе во ритам. Како и секогаш, тој ќе даде се’ од себе да победи. Се надеваме дека добро ќе ја почне сезоната и ќе биде подготвен за следните обврски“ – изјавил тренерот на Рафа, Тони Надал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top