| четврток, 6 декември 2018 |

Дрвокрадци во Виница заработиле 100.000 евра за само една година

sumska policija

Дрвокрадците во Виница се греат на 100.000 евра, сума колку што вредат 800 кубни метри дрва, колку што украле за една година од шумите со кои стопанисува шумското претпријатие „Плачковица“. Овој случај за штипската телевизија „Стар“ го потврдува и Делче Алексов, раководител на „Плачковица“ од Виница.

На кражбите на дрва реагираат и граѓаните бидејќи нив ги има сè повеќе. Но, освен што кражбите се зачестени, теренот на дејствување е зголемен, па така освен во плачковичкиот крај, секири играат и на Осоговските Планини, велат планинарите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top