| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува судењето на Паско Кузман

Pasko Kuzman

Во Кривичниот суд во Скопје денеска почнува судскиот процес против поранешниот директор на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман, кој  е обвинет за злоупотреба на службена положба поради нелегално издавање согласност за вршење ископувања.

Кузман беше уапсен во јули годинава зедно со уште тројца вработени во Управата-  Илче Бојчевски, Звонимир Николовски и Марија Пуљаз.

Според обвинението,  Кузман, спротивно на законот, двапати издал согласност за ископување. Првиот пат на локалитетот кај местото Драмски Рид во близина на Делчево, каде што се претпоставува дека во напуштен тунел има големо количество оружје од германската војска, а второто кај Катланово, каде што се трагало по закопано злато вредно неколку милиони евра. Во издадената согласност на Кузман не биле наведени локациите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top