
Пејачката Наде Талевска – Спасовска, на свет донесе здраво машко дете, кое како што веќе најави, заедно со сопругот Нено одлучиле да го крстат Максим. Наде се чувстувува одлично и ели дека е прескреќна што е мајка.
-Се уште сум во болки бидејќи по неколку часови породување, докторите сепак одлучија бебето да го родам со царски рез, сепак сум среќна бидејќи и двајцата сме добро, но и дека малото се роди на петок 13-ти, баш убав ден нели?? – вели пејалката за Вечер.
Бидејќи Наде не сакаше да открива детали од интимните моменти кога прв пат таа и сопругот го виделе синот, извори блиски на двојката ни открија дека среќниот татко бил толку возбуден што едвај ги задржал солзите да не заплаче, а емоциите не успеала да ги сокрие ниту пејачката која не ја симнувала насмевката од лицето.
Наде и Нено беа во неколку годишна врска која неодамна ја крунисаа со брак. Талевска најави дека следниот период ќе паузира со настапите и работата во МОБ и ќе се посвети на една од најубавите работи во животот, мајчинството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сопругот на Јанкулоска: Попрво земјата ќе престане да се врти, отколку Горде да го остави Петар!
-
Го застрелал својот син стар шест месеци: Мотивот за убиството ќе ве шокира!
-
Северина ја загуби битката за синот: Александар ќе живее со Милан
-
Син на политичар се врзал со лисици за девојката и скокнал од покрив на зграда – трагедија ја постресе Русија


