| четврток, 6 декември 2018 |

Турново симнат од тронот, Брегалница нов лидер

renova

Во седмото коло од првата македонска фудбалска лига се одиграа сите натправери освен мечот Вардар-Гостивар кој се игра од 19.30 часот.

Екипата на Хоризонт Турново која во досегашните шест кола беше лидер во првенството загуби во Тетово на гостувањето кај Ренова со 4-2.

Ренова поведе од пенал во 28 минута преку Емини, откако Ристовски заработи црвен картон. На почетокот на вториот дел истиот играч го зголеми водството на 2-0 и се очкуваше лесна победа на домаќинот. Сепак гостите од Турново успеаа со играч помалку во продолжението за само 5 минути да го израмнат резултатот преку Ејупи и Блажевски од пенал. По израмнувањето играчите на Ренова повторно се разиграа до крајот на натпреварот постигнаа уште два погодоци кои беа доволни за освојување на нови три бода и искачување на второто место на табелата. Со овој пораз Хоризонт со 11 бода падна на четвртото место на таблета.

Нов лидер во македонското фудбалско првенство е екипата на Брегалница која на гостински терен во Лисиче убедливо ја совлада домашната екипа Еуромилк со 3-0. Повторно Здравков кој денес беше стрелец на два погодока беше херојот за Брегалница. Тој успешно стрелаше во противничката мрежа во 67 и 89 минута, а во 72 мунута стрелец беше Наумов. Со новите три бода вкупно 14, Брегалница се искачи на првото место на табелта.

Интересен натправар се одигра во Битола. Домаќинот Пелистер со минимални 1-0 ја победи екипата на Шкендија. Ковачев во 43 минута го прекина постот на пелистерци од четири едноподруго мечеви без победа.

Во останатите натправари се сретнаа Напредок-Работнички и Македонија ЃП-Металург.

Работнички со убедливи 3-1 победи во Кичево, а во населбата Ѓорче Петров домашната екипа ремизираше со фаворизираниот Металург со 1-1.

Резлутати од 7 коло: Пелистер – Шкендија 1-0, Напредок – Работнички 1-3, Македонија ЃП – Металург 1-1, Еуромилк ГЛ –Брегалница 0-3Ренова – Хоризонт Турново 4-2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top