| четврток, 6 декември 2018 |

Пиволенд со бонус ден за љубителите на пиво

DNK Pivolend scena

Поради лошите временски услови, организаторите на Пиволенд одлучија манифестацијата наместо денеска да заврши утре и со тоа на посетителите да им овозможат екстра забава.

–  Сметаме дека е наша должност да им ја обезбедиме ветената забава на целата публика, саботната вечер го докажа тоа со рекордна посетеност на повеќе од 40 000 посетители. Се докажа дека Скопје е жедно за поголема доза Пиволенд. На големо барање на сите Пиволендџии сакаме на нашите посетители да им подариме уште една вечер исполнета со многу пиво, музика и секако позитивна енергија. Објавуваме дека понеделник, 16.09.2013 ќе има шеста вечер на Пиволенд! , се вели во соопштението.

На сите сцени на Пиволенд ќе има разновидна музичка програма. Посетителите на Пиволенд на главната сцена ќе можат да ги видат Ареа, Паркети, Пука Козметика(Токсикологија Мјузик), Шутка Рома Рап, Фајтинг Виндмилс и ДЈ Тина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top