Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ и неговите соиграчи од Дејвискуп репрезентацијата на Србија стравуваат од провокации од бројната албанска дијаспора во Белгија. Тие викендов гостуваат во Белгија во рамките на првото коло од Светската група.
Селекторот Богдан Обрадовиќ јавно порача дека очекуваат напади и инциденти од албанската заедница во Шарлоа, а дополнителен проблем е тоа што тимот ќе биде сместен во хотел на Аеродромот.
– Бучвата е проблем, но не најголем. Знаеме дека Албанците се бројни во Белгија, па затоа хотелот на аеродром е секогаш проблематичен, бидејќи е фреквентен и може да дојде до разни провокации – вели Обрадовиќ.
Тој додава дека побарал од надлежните да се преземат сите безбедносни мерки, како и решенија на проблемот со сместување. Сепак, вториот понуден хотел е оддалечен еден час патување од салата, додека трето решение нема бидејќи Шарлоа е мал град.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.