| четврток, 6 декември 2018 |

Укинат надоместокот за граѓани и возила од Косово

blace

Започнувајќи од 00:00 на 15 септември повеќе не се наплаќа надомест при влез на територијата на Репблика Македонија на граѓани на Косово и за сите видови на возила регистрирани во Република Косово, соопшти Царинската управа.

Министерството за трговија и индустрија на Република Косово донеесе Одлука за укинување на Одлуката за забрана на увоз на сите стоки со потекло од Република Македонија која влегува во сила на 15 септември 2013 година во 00:00 часот.

Со тоа престанува да се применува Одлуката на Владата на РМ за воведување на паричен надомест за влез на територијата на Република Македонија на патници и возила како мерка на реципроцитет спрема Република Косово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top