Македонија е обвинета за обид да наметне шема за менување гласови со други земји, за нејзината евровизиска песна да добие повисок пласман, пишува денеска „Дејли мејл“.
Организаторите на Евровизија ги истражуваат тврдењата дека неколку земји, меѓу кои и Македонија, купувале гласови од други земји во годинешното финале што се одржа во Малме, Шведска.
Азербејџан е обвинет дека не само што се обидувал да ги поткупи членовите на жирито, туку и дека им платил на литванските студенти за гласаат повеќекратно.
Годинава, Македонија ја претставуваа Есма и Лозано, кои не успеаја да се пласираат во финалето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.