Герет Бејл успеа да се запише во листата на стрелци на неговиот деби настап за новиот клуб Реал Мадрид. Сепак кралскиот клуб не успеа да победи на „жешкиот“ терен на Виљареал и одигра само 2-2 на „Ел Мадригал“.
Најскапиот фудбалер во светот успеа да го израмни резултатот во 39 минута од како Кани ги доведе домаќините во водство. Во вториот дел Кристијано Роналдо успеа да направи целосен пресврт со еден среќен гол, но мадриѓаните не успеаа да ја сочуваат предноста и да освојат нови три бода кои ќе значат во борбата за првото место во шпанската фудбалска лига. „Жолтата подморница“ денес одигра одлично и не заслужи да биде поразена. По четири кола Реал го губи чекорот со првопласираните екипи на Барселона и Атлетико Мадрид кои денес славеа победи и се единстветните екипи со максимални 12 бода од четири натпревари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“