| четврток, 6 декември 2018 |

Барселона победи по истекот на судиското продолжение (видео)

barcelona

Во дерби дуелот во четвртото коло од шпанското фудбалско првенство популарната „примера“ екипата на Барселона го совлада тимот на Севиља со 3-2. конечниот резултат беше постигнат и по истекот на судиското продолжение од три минути.

Кога се чинеше дека клубот од Барселона рутинирано ќе го заврши мечот по предноста од два гола која ја создаде преку Дани Алвеш и Лионел Меси во 76 минута, гостите од Севиља преку Ракетиќ и Коке успеаа да го израмнат резултатот во 90 минута. Вистинска драма се случуваше во судиското продолжение. Натпреварот беше продолжен три минути и кога сите очекуваа крај, по една соло акција на Меси од десната страна најдобро во шеснаесетикот се снајде Алексис Санчез и го постигна победоносниот гол. По овој гол гостинските играчи и тренерот со право се жалеа затоа што и времето од судиското продолжение беше изминато. Сепак судијата покажа на центарот и по изведувањето на топката го заврши мечот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top