| четврток, 6 декември 2018 |

„Фуријата“ со пола гас ги преслуша финците

spanija kosarka basket

Шпанската кошаркарска репрезентација ја оправда улогата на фаворит против едно од најпријатните изненадувања на европското првенство Финска и ја победи со 82-56.

Во вториот меч од групата Ф селекцијата на Шпанија со половина сили остана во игра за пласман во четвртфиналето. Шпанците во натпрварот влегоа мотивирани и уште од првата минута почнаа да играат како што доликува на еден актуелен европски шампион. Победија во сите четвртини за на крај да направат разлика од 26 поени и во ниту еден момент не го доведоа прашањето на победникот.

Централна фигура на мечот беше одличниот Хозе Калдерон кој постигна 23 поени и пет асистенции. Во екипата на Шпанија сите играчи кои влегоа во игра постигнаа поени.

Кај Финците како и обично најдобар беше Перти Копонен со 17 поени пет скокови и четири асистенции.

Во последниот натпревар од второто коло во групата Ф се среќаваат домаќинот Словенија и Грција кој директно одлучува за пласман во четвртфиналето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top