| четврток, 6 декември 2018 |

Нов хит- Празнен плик како свадбен подарок

plikЕкономската криза предизвикува во Полска нов бизарен феномен- на свадба да се отиде со подарок- празно плико. Младоженците меѓу 30 пликоа во кои требало да најдат пари од роднините и гостите на свадбата, отвориле и 8 празни, додека во 9 била спакувана обична хартија со големина на пари. Втор брачен пар открива дека од 120 гости на свадбената церемонија, во половина од пликоата не нашле ништо.

-Криза е, многу луѓе немаат пари за подарок, а се срамат за тоа да зборат, објаснуваат научниците за полските медиуми. Како втор аспект на овој феномен се нагласува и времето во кое живееме а за кое е карактеристично- претворањето

-Толку сме навикнале да не лажат и ние да лажеме, што веќе и не приметуваме.

Затоа како совет до идните младенци, научниците им порачуваат во иднина да ги канат само најблиските на овие церемонии, за да не ги ставаат во непријатна положба и дел од гостите но и себе да не се изложуваат на изненадувања.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top