| четврток, 6 декември 2018 |

ФИФА ќе пресуди за двомечот САД- Костарика (Видео)

dempsey_2518071bАмериканските фудбалери се жалеа до ФИФА откако во Сан Хозе, гхлавниот град на Костарика, „преживеале пекол бидејќи немале приоритетен третман на аеродромот и заради ласерито со кои навивачите ги нападнале“.

Приказната која почна зимото во Денвер во рамки на квалификациите за Светското првенство, двете репрезентации да играат на снежно невреме, нема да заврши ниту по реваншот во Костарика, туку епилогот ќе биде познат по одлуката на ФИФА.

Имено, САД се жалат на исвиркувањето на националната химна, а потоа и за:

1.одбивањето да добијат приоритетно минување на царина; 2.да тренираат на стадионот каде ќе се одигра натпреварот; 3.да ги добијат топките со кои се игра, а дури се сомневале дека додека патуваат кон стадионот пред мечот, намерно е интензивиран сообраќајот за да им создадат непријатности.

Покрај тоа, ФИФа ќе мора да се позанимава и со ласерите со кои навивачите ги заслепувале американските фудбалери, исклучувањето на микрофонот за време на читање на пораката за фер- плеј но и неверојатното симулирање на Џоел Кемпбел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top