| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ е разочаран од одлуката на ИТФ: Троицки не е убиец ниту терорист

Новак Ѓоковиќ експресно се врати на тениските терени по поразот во финалето на САД опен и денеска ја предводеше Србија против Канада во полуфиналето на Дејвис купот што се игра во Белград. Рекетот број еден сигурно, без многу напор со 3-0 го совлада Поспишил и донесе предност од 1-0 на својата репрезентација, а по премиерниот меч ја коментираше и одлуката на ИТФ да му забрани присуство во салата на Виктор Троицки. Стандардниот репрезентативец на Србија поради одбивање да се појави на допинг тест е казнет со 18 месеци неиграње, а ИТФ донесе чудна одлука да не му дозволи присуство на полуфиналниот дуел како гледач.

„Виктор воопшто не е виновен во целата ситуација. Сакам да го добие случајот на судот во Лозана. Забраната на ИТФ непријатно ме изненади, бидејќи Троицки не е ниту убиец, ниту терорист и не знам зошто не му е дозволено да биде со нас“, изјави Ѓоковиќ.

Троицки одби да даде примерок од крв за допинг контрола, а тоа беше карактеризирано како одбегнување на задолжителен тест и казната е 18 месеци пауза од тениските турнири. Српскиот играч ја обжали одлуката на ИТФ пред спортскиот суд во Лозана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top