| четврток, 6 декември 2018 |

Сара Мејс се подготвува за натпревар во Макао

sara

„Not Connected Selected” и „Trembling” се првите промо песни на Сара Костадиновска (Sarah Mace) и српската група „Error 404“, наменски направени за Интернационалниот блуз и џез натпревар во Котаи, Макао.

– Моментално работиме со полна пареа за натпреварот кој ќе се одвива во Макао. Соработката со „Error 404“ ќе продолжи, заедно ќе потраеме како проект ориентиран кон етно-џез електо-џез, фјужн, панк – вели Сара за „Република“.

sara 3

Пените се испратени во официјалниот избор и за помалку од недела ќе дознаеме дали жирито ќе одбери некоја од нив, што би значело настап на интернационалниот натпревар за Сара и „Error 404“.

Девојката која прв пат пред јавноста се појави со својата цимерка на шоуто „Јас имам талент“ во Белград, подоцна ја започна и својата успешна соло кариера со нејзините уникатни песни и оригинален стил. Сара е студент на универзитетот во Бугарија, каде учи композиција, харфа и поп и џез пеење.

sara 2

„Error 404“ , пак, e авторски српски џез, фјужн, етно, електронски бенд составен од пијанистот и композитор Владимир Јеленковиќ, басистот Андрија Аврамовиќ  и перкусионистот Ѓорѓе Хартл.


За музиката на песните (“Not Connected Selected” и “Trembling”) се задолжениСара Мејс и Владимир Јеленковиќ, за текстовите повторно Сара и Владимир Ристевски, а за продукцијата Родољуб Аврамовиќ и студиото „FatCat“ од  Ниш, Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top