Јованка Броз посака откако ќе излезе од болница да се врати во својот стар дом, каде и до сега живееше. Вдовицата на Јосип Броз вчера ја одби понудената куќа од државата. И српската влада ја потврди приказната дека таа сака да се врати во руинираната куќа на Дедиње, каде живее последните три децении.
Од владата велат дека нејзините роднини посетиле неколку куќи кои биле понудени за Јованка, но тие ги одбиле бидејќи биле на повеќекатници. Иако се бараат дополнителни куќи кои ќе одговараат на потребите, доколку титовата вдовица сака да се врати во старата куќа, ќе мора итно да се почне со реконструкција на вилата, порачуваат од владата во Белград.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.