Спортед заводот за Државниот завод за статистика годинава споредено со ланскиот јули има помалку домашни туристи кои преноќиле, за разлика од странците. Бројот на домашни туристи во јули е намален за 13,1 % во споредба со истиот месец лани. Затоа пак расте бројот на туристи од странство за истиот период од 10, 3%, објави државната Статистика.
Во однос на бројот на ноќевања во јули 2013 во однос на јули 2012 кај домашните туристи има пад од 9,1%. И во оваа категорија туристите од странство бележат раст за 7,4 % за истиот период.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.