Во денешно време не се знае каде престанува спортот, а почнува бизнисот, таа граница ја проби боксерот Флојд Мејведер.
Само за борбата со Канел Алварез ке добие рекордни 41.5 милиони долари, кои добро ќе му легнат на они 123 кои ги има во банка.
Кога оди на патувања, трга со куфер полн со пари, а кога е дома ужива да седи во својот паркинг кој е преполн со лукзусни автомобили, меѓу кои и Бентли од 290.000 долари. Не е само тоа, автомобилите кои му се во Мајами се сите бели, додека оние во Лас Вегас се црни.
Облеката која ја купува ја носи само еднаш, па така на хотелските работници им остава куп кутии со патики.
Да не го заборавиме и неговиот приватен авион во кој се вози, исклучиво сам.
Во една прилика од неговиот дом му е украден накит вреден 7 милиони долари, но тоа не го разочарало бидејќи веднаш си купил нов.
Само во оваа година ќе заработи 90 милиони долари.
Но тоа не го прави лош спортист, секое утро станува во три часот за да тренира, а сеуште е непоразен со 44 победи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.