Карло Анчелоти, тренериот на Реал Мадрид е свесен дека Герет Бејл не е во најдобра форма, по долгиот период отсуство од фудбалските терени, поради перипетиите со неговиот трансфер во „кралскиот клуб“ од Тотенхем, но потврди дека ќе дебитира веќе утре против Вилјареал.
Најтрофејниот шпански клуб ќе игра на гости против повратникот во Примера дивизија, а Бејл веројатно ќе биде на клупата за резерви и ќе влезе во игра со помала минутажа.
„Многу е возбуден и мотивиран и не сум сигурен дека ќе биде стартер, но ќе му дадам шанса да настапи, веројатно во текот на натпреварот со Вилјареал. Знаеме дека не играше во претсезонските мечеви, но не стои лошо на кондициски план“, изјави Анчелоти.
Бејл одигра нешто повеќе од половина час за Велс во квалификацискиот дуел со Србија, а за жал против Македонија не настапи. Велшанецот за 100 милиони евра, летово прејде од Тотенхем во Реал Мадрид, трансфер што е најскап во историјата на фудбалот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“