| четврток, 6 декември 2018 |

Атина: Независни Грци прашуваат дали Самарас „ја продава Македонија“

IndependentGreeksПартијата Независни Грци не дала овластување на ниту една партија, на ниту една влада, политички лидер или министер за надворешни работи да го даде името на наша Македонија, порача грчката опозициска партија Независни Грци, пренесе МИА од Атина.
– Ние никому не сме дале овластување да го даде името на наша Македонија. Бараме за процесот да се дискутира во Парламентот што ќе биде добра можност најпосле да се види колку е „широк“ консензусот меѓу пратениците, особено меѓу членовите на Нова демократија кои претпоставувам ќе се сетат на горчината и солзите на основачот на партијата Константин Караманлис на аеродромот во Солун, вели Теренс Куик во Солун.
Лидерот на партијата по шести пат побара од Самарас да одговори што се случува со преговорите за името и дали „се крие и преговара тајно“ и го повика да дојде во Парламентот да одговори „дали е подготвен да го продаде терминот Македонија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top