| четврток, 6 декември 2018 |

Престрелка во Велешта: Застрелан 25-годишник

pistol

Во четвртокот околу 18 часот, во село Велешта, струшко, на 25-годишниот А.А.(25) локален жител, со огнено оружје нанесена му е огнострелна рана во пределот на градниот кош.
Потоа е извршен претрес во домот на соселанец на повредениот, осомночен дека е сторител на делото.

Инаку, А.А. и осомничениот се лица познати на службата, против кои по разни основи биле поднесувани кривични пријави.

Полициската станица од Струга презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top