За прв пат годинава, штипјани го организираат модниот фестивал „Модни денови во Штип“. Како град со најголем број, поточно повеќе од 80, конфекции и фабрики за текстил, градот Штип има тенденција овој настан да се одржува два пати годишно, при што ќе бидат претставени колекциите есен-зима, односно пролет-лето.
Како за прв пат, акцентот е ставен само на локалните конфекции, па во богатата програма ќе имаат можност да се промовираат штипските модни куќи и фабрики, како за облека, така и за обувки.
Настанот го организираат Општината Штип и Домот за млади Штип, а со своето искуство на ова поле, најголемата поддршка ја добија од Мики Црнокрак и неговото модно студио.
26.09.2013
GRAND OPENING THURSTADY – ПРВ ДЕН
ПРВ ДЕН – РЕВИИ
18:00 ПРИСТИГНУВАЊЕ НА ГОСТИТЕ
18:30 ОТВАРАЊЕ
20:15 КОКТЕЛ ВО БЕЗИСТЕН
20:45 РЕВИЈА НА АСТИБО БЕЈЗИК
22:00 РЕВИЈА НА ГЛАМУР
22:30 НОЌЕН ШОПИНГ….
23:00-01:00 ДЈ СЕТ – ЗАБАВА НА ОТВОРЕНО СО ДЈ ЛИНА ОД СКОПЈЕ
27.09.2013
GRAND DISCOUNT TERMINAL FRIDAY – ВТОР ДЕН
09:00 – ПОЧНУВА ДА СЕ РАБОТИ СО “GRAND DISCOUNT TERMINAL “, А ВО ТЕКОТ НА ВТОРИОТ И ТРЕТИОТ ДЕН ЌЕ ОПЕРИРААТ БЕСПЛАТНИ АВТОБУСИ, FASHION DAYS SHTIP LINE / FASHION LINE . НА ШОПИНГ ПОСЕТИТЕЛИТЕ ЌЕ ИМ БИДАТ ОВОЗМОЖЕНИ СПЕЦИЈАЛНИ ПОПУСТИ ВО ПРОДАВНИЦИТЕ НА БРЕНДОВИТЕ КОИ СЕ УЧЕСНИЦИ НА ФДШ ЗА ВРЕМЕ НА ЦЕЛИОТ НАСТАН.
ПРВАТА ЛОКАЦИЈА ЌЕ БИДЕ НА ГЛАВНИОТ ПАРКИНГ КАДЕ СЕ СПОЈУВААТ СИТЕ КОНФЕКЦИИ И НИВНИТЕ ПРОДАЖНИ МЕСТА.
ВТОРАТА ЛОКАЦИЈА Е КАЈ БЕЈЗИК, БЕАС И БАРГАЛА
ТРЕТАТА Е КАЈ АЛБАТРОС.
ЧЕТВРТАТА Е ПЕШ ДО КОМПАНИИТЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ
ПОСЛЕ ДВА ЧАСА ДОАЃА ПОВТОРНО АВТОБУСОТ
ВО ТЕКОТ НА ВТОРИОТ И ТРЕТИОТ ДЕН, ВО АВТОБУСИТЕ ЌЕ ОПЕРИРА И “FASHION DAYS SHTIP WALKING TOUR”, КАДЕ ШТО TOUR GOUIDE ЌЕ БИДЕ ЕДНА ОД НАШИТЕ МАНЕКЕНКИ, КОЈА НА ГОСТИТЕ ДЕТАЛНО ЌЕ ИМ ЈА ПРЕТСТАВИ СЕКОЈА КОМПАНИЈА.
РЕВИИ ВО ДИРО
18:30 – РЕВИЈА НА АЛБАТРОС
19:45 – РЕВИЈА НА УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – ШТИП
21:00 – РЕВИЈА НА ВИБА ТЕКС
22:00 – НОЌЕН ШОПИНГ….
28.09.2013
FASHION SATURDAY OUT – ТРЕТ ДЕН
ИНСПИРИРАНИ ОД КОНЦЕПТОТ НА FASHION NIGHT OUT ВО MANHATTAN, МАСОВНО ШИРЕЈКИ СЕ И НИЗ ОСТАНАТИТЕ КОСМОПОЛИТАНТСКИ МЕСТА, ГО ПРЕДСТАВУВАМЕ ФДШ FASHION SATARDAY OUT.
ЦЕЛТА НА ОВАА КОМУНУНИКАЦИСКА СТРАТЕГИЈА Е ДА ПОКАЖЕМЕ ДЕКА МОДНИТЕ НОВИНАРИ НЕ ЈА ОПИШУВААТ КОЛЕКЦИЈАТА СО ЗБОРОВИ, ТУКУ СЕ ВАЖЕН ДЕЛ ОД МОДНИОТ БИЗНИС, А ЈАВНОСТА ЌЕ ИМА ЦЕЛОСНА СЛИКА ЗА ТОА ШТО РАБОТАТ ЛУЃЕТО ОД МОДНИОТ БИЗНИС – ”BEHIND THE SCENES IN FASHION JOURNALISM”. ФДШ FASHION SATARDAY OUT ЌЕ ПРЕДСТАВУВА НИЗА ОД PRIVATE FASHION PARTY, НА ЕТАБЛИРАНИТЕ МОДНИ НОВИНАРИ, НА КОИ ЌЕ ИМ СЕ ОБЕЗБЕДИ LOCAL DJ + ПОСЕБЕН ТРЕНДИ ЛОКАЛ – /КАФЕ БАР, LOUNGE BAR, PUB / – ЗА ВРЕМЕ ОД ЕДЕН ЧАС – КАДЕ ШТО ТИЕ БИ ИМАЛЕ СВОИ ПРИВАТНИ ЗАБАВИ, СО СПЕЦИЈАЛНИОТ ФДШ КОКТЕЛ. ОСВЕН ТОА, КАКО РЕЗУЛТАТ НА ЦЕЛИОТ ФДШ ЕВЕНТ, ТИЕ БИ ГО СРАБОТИЛЕ ЕДИТОРАЛОТ, “IN FOR THE SEASON”. КОМБИНАЦИИ НА НЕКОЛКУ МОДЕЛИ, ОД КОМПАНИИТЕ УЧЕСНИЦИ НА ФДШ.
OVERSEEING THE COLLECTION ЌЕ БИДЕ КООРДИНИРАНО ПОСЕБНО ПРЕКУ “FDSH WALKING TOUR”, ИЛИ ПО БАРАЊЕ НА МОДНИОТ КРИТИЧАР.
ЗА ВРЕМЕ НА ЗАБАВАТА ЛОКАЛОТ ЌЕ ИМА HAPPY HOUR, ЌЕ СЛУЖИ FASHION DAYS COCKTAILS….
СЕКОЈА АКТИВНОСТ ОД ФДШ ЌЕ БИДЕ СО ПОСЕБНА ЕПИЗОДА ВО “FSH DAILY NEWS“ – ДНЕВЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА ВРЕМЕ НА РЕВИИТЕ, ВКЛУЧУВАЈКИ ГО МИСЛЕЊЕТО НА МОДНИТЕ КРИТИЧАРИ ЗА ШТО Е ТРЕНД ОВАА СЕЗОНА.
10:00-12:00-14:00-16:00-18:00 – АВТОБУСИ ЗА ШОПИНГ ПОСЕТИТЕЛИТЕ
ТРЕТ ДЕН – РЕВИИ ВО ДИРО
18:30 – РЕВИЈА НА ДИЗАЈН – С
19:45 – РЕВИЈА НА АСТИБО БЕАС
21:00 – РЕВИЈА НА ЛИНЕА И БАРГАЛА
22:00 НОЌЕН ШОПИНГ….
ГОЛЕМА ЗАБАВА ВО ДОМ НА МЛАДИ ОД 00:00 ЧАСОТ – ДО 03:00 ЧАСОТ, СО ОФИЦИЈАЛНИОТ ДЈ НА НАСТАНОТ –ДЈ ЛИНА ОД СКОПЈЕ
29.09.2013
FASHION BUSINESS BRUNCH SUNDAY – ЗАТВАРАЊЕ
ОД 11:00, ЌЕ БИДЕ ОРГАНИЗИРАНА ЧАЈАНКА, НА КОЈА ЌЕ ПРИСУСТВУВААТ ГОСТИ ОД РАЗЛИЧНИ МЕНАЏМЕНТИ НА МОДНИОТ БИЗНИС. РАСПОРЕДОТ НА СЕДЕЊЕ БИ БИЛ КООРДИНИРАН, ТАКА ШТО ГОСТИТЕ БИ МОЖЕЛЕ ДА СЕ ЗАПОЗНААТ МЕЃУСЕБНО.
ГОСТИ ЌЕ БИДАТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА, КОНСУЛТАТСКАТА ФИРМА ДЕСО, ЕВРОПСКА БАНКА ЗА РАЗВОЈ И СОРАБОТКА, ТЕКСТИЛЕН КЛАСТЕР. СО НИВ ЌЕ СЕ РАЗГОВАРА ЗА ПОТЕНЦИЈАЛНИТЕ МОЖНОСТИ КОИ СЕ НУДАТ ЗА ФИРМИТЕ ОД ЕВРОПСКИТЕ БАНКИ, НО И ГРАНТОВИ ОД ЕВРОПСКА КОМИСИЈА.
СОПСТВЕНИК НА БРЕНД, МЕДИУМ, РЕЛЕВАНТНА ИНСТИТУЦИЈА ЗА МОНЕТАРНА ПОДДРШКА НА БРЕНДОВИ, ФАКУЛТЕТ ЗА ДИЗАЈН, МОДЕН ФОТОГРАФ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.