| четврток, 6 декември 2018 |

Хуманитарна изложба на независни уметници во „Галерија 7“

Во рамките на проектот „Креативен викенд“ во јунското издание кое се одржа во селото Лазарополе, се одржа сликарската работилницата, на која учествуваа млади независни уметници кои се изразуваа преку најразлични медиуми и техники, без ограничување во прекрасниот амбиент на селото Лазарополе. Главната цел на оваа работилница, покрај безусловното заедничко творење и зацврстување на локалната млада, независна ликовна сцена, беше и создавање дела кои потоа ќе бидат изложени на аукциска и донаторска изложба наменета за собирање средства за лекување на младата поетеса и авторка Искра Донева, исто така учесничка на еден од креативните викенди.

Резултатите од оваа работилница, кои патем ќе бидат продажни, ќе можете да ги проследите на оваа изложба, која од денеска е поставена во „Галерија 7“, а воедно преку донирање ќе помогнете да се оствари животниот сон на Искра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top