| четврток, 6 декември 2018 |

Хуманитарна изложба на фотографии „Патот кон вечноста“, концерт на „Чалгија саунд систем“ и „Монистра“ за Кире Главинчевски

Во Винотека Подрум (Т.Ц.Буњаковец), на 23. февруари, со почеток во 20.00 часот, ќе биде отворена изложба на фотографии изработени од Никола Веселинковски под наслов „Патот кон вечноста“. Ќе бидат изложени 30-тина фотографии изработени во периодот од 2016 до 2017 година.
Изложбата ќе биде хуманитарна, односно целта е со вашето присуство да му се помогне на Кире Главинчевски, кој има потреба од специјализирана инвалидска количка и скапи третмани во Словенија. На Кире му се потребни 8.000 евра за да го продолжи лекувањето, но за жал, семејството не може да ги обезбеди.
Дружењето ќе биде збогатено со настапот на: Чалгија саунд систем, Етно состав Монистра и др.
АСА продукција ќе се погрижи да го фото документира настанот.
Сите кој сакате да донирате за Кире можете да го направите на следната жиро сметка:
Кире Главинчевски
210501609611550
НЛБ банка

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top