| четврток, 6 декември 2018 |

На едната страна на лицето ставаше обичен, а на другата скап крем за лице – еве ги резултатите!

Британската новинарка Клер Кисоти, која работи во интернационално познатиот медиум „Дејлимеил“, реши да ги стави на тест скапите креми за лице.

Понесена од изјавите на оскаровската Кејт Винслет и Џоан Колинс дека нивната нега на лицето вклучува само обичен „Нивеа“ крем, а сите знаеме како изгледаат тие, Клер посвети четири недели на истражување.

Прво што направи, беше анализа на нејзината сегашна состојба на лицето и проверката од врвен дерматолог. На прагот на 47-мата година, нејзината кожа е дехидрирана, со мало црвенило, но со незначителни бори и флеки.

Потоа,четири недели, Клер на левата страна на лицето редовно го нанесуваше обичниот крем од препознатливата сина кутија, додека пак на десната луксузната „Крем де ла мер“, чија комбинација на морски алги, според компанијата производител – прави чуда.

Сепак, резултатите од дерматолошкиот тест по завршувањето на периодот на тестирање, покажаа дека обичниот крем добро ја хидратизирал кожата и го намалил црвенилото.  „Крем де ла мер“, пак, го направил потполно истото.

Заклучокот е, или дека и со помалку пари, кожата може да изгледа одлично, или пак дека Кејт Винслет за снаа на милијардер, е поголем скржавец отколку што би требало.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top