Доријан Бабунски вчера го потпиша првиот договор со Реал Мадрид, објави спортскиот портал „Дерби.мк“ и тоа стипендиски на три години (2+1), а 17-годишниот напаѓач очекува во иднина да биде и член на Б-составот на „кралскиот клуб“. Тоа би требало да се случи веќе следната сезона, ако се оди според очекувањата.
Неговиот постар брат Давид од ова лето се приклучи на Б-составот на Барселона и во иднина можно е да гледаме братско дерби во втората шпанска лига. Барса Б и Реал Б се членови на популарната Сегунда дивизија. Давид, кој има 19 години, веќе дебитираше за вториот тим на каталонскиот гигант, откако одигра дваесетина минути против Луго во минатото коло.
Тоа за него беше официјално деби за Б-тимот на Барса, а веќе в недела новопечениот македонски репрезентативец очекува да игра против лутиот ривал Реал Мадрид, секако во мини „Ел Класико“ на Б-тимовите.
Каталонците ќе му бидат домаќини на подмладокот на „кралскиот клуб“, а подготвија и најавна шпица на која го има и Давид Бабунски.
ФОТО: derbi.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



