| четврток, 6 декември 2018 |

Владата демантира – нема договор со Косово

Од Владата на Република Македонија ја демантираа веста објавена на МИА, а преземена од косовскиот медиум „Експрес“ дека наводно е постигнат некаков договор помеѓу Република Македонија и Република Косово.

– Нема договор за укинување на косовските забрани за увоз на македонски производи на Косово и македонската мерка за наплата за влез на косовски граѓани и превозни средства во Република Македонија, во суштина таков договор и не е потребен затоа што со самото укинување на забраните од косовска страна ќе престане да важи и македонската мерка за наплата на надоместот бидејќи таа наша мерка е и така формулирана во самата одлука – да престане да важи кога ќе се тргне косовската забрана – велат од Владата на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top