| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија на 75 место на ранг-листата на ФИФА

Македонската фудбалската репрезентација забележа скок од 14 места на новата ранг-листа на ФИФА и сега се наоѓа на 75. позиција. Овој скок се должи на победата во пријателскиот натпревар против Бугарија. Резултатите од квалификациските натпревари против Велс и Шкотска не се земени во предвид, а бодовите од овие мечеви ќе се сметаат за следната листа на ФИФА што ќе биде објавена на 17 октомври.

Од репрезентациите во нашата калификациска група за светското првенство најголем скок бележи Белгија која сега се наоѓа на шестото место. Хрватска е десетта, Србија е на 43 место, Велс е 52. во светот, а Шкотска е 63.

На првото место неприкосновена е репрезентацијата на Шпанија, пред Аргентина и Германија. Во првите десет се и Италија, Колумбија, Белгија, Уругвај, Бразил, Холандија, Уругвај и Хрватска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top