| четврток, 6 декември 2018 |

Жерновски обвини дека владее полициски час, ВМРО-ДПМНЕ дека за пет стари дрвја намерно создава конфликти

Bristol zagraden01 (Custom)Градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски смета дека во центарот на Скопје има полициски час. Неговата изјава доаѓа откако подполициско обезбедување изутрината почна изградбата на административна зграда во паркот кај хотелот Бристол.

Жерновски обвини дека апсењето на активистите со, како што рече, 200 специјалци е одлика на тоталитарен режим.

-Такво однесување може да има само во една полициска држава и мислам дека веќе на сите им е јасно дека имаме работа со еден тоталитарен режим – рече тој.

Најави дека „заедно со советниците нема да се предадат и ќе продолжат со битката“.

 

Реагираше ВМРО-ДПМНЕ:

-Заради 5 стари дрва и заради парк од 483 метри квадратни (кој што не е ни половина од дворовите на олигархијата од редовите на СДСМ и ЛДП како на пример Ристо Пенов, Борче Петровски, дворовите на фамилијата Заеви и останатите), Андреј Жерновски и СДСМ свесно сакаат да создадат конфликт во Република Македонија. Андреј Жерновски е човек кој со поддршка на СДСМ свесно креираат конфликти поради креирање на  сопствен имиџ во недостаток на конкретни проекти. Жерновски и понатаму продолжува да се занимава со креирање конфликти, а не гледа да ги решава проблемите на граѓаните на Општина Центар.

 Од партијата обвинија дека откако е градоначалник Жерновски нема сработено ништо, граѓаните не виделе ниту едно од ветувањата, ниту еден конкретен проект од страна на Жерновски.

– ВМРО-ДПМНЕ му понуди алтернатива на Жерновски со која ќе беа засадени околу 10 000 дрва со средствата од комуналиите на објектот на СРД кои треба да се гради на местото каде партиските  активисти на СДСМ и ЛДП и партиските војници вработени во Општина Центар, глумат независни граѓани. Жерновски оваа алтернатива експресно ја одби со што докажа дека не му се битни ниту дрвата, ниту паркот туку единствена цел му е свесно да креира конфликти.Како што веќе кажавме со досегашната неработа откако е градоначалник на Општина Центар, Андреј Жерновски докажа дека е најнеспособен градоначалник во државата во овие 20 години – коментираат од партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top