| четврток, 6 декември 2018 |

Колумбија: Кокаин во труднички стомак (Видео)

kanadjanka1_599827S0Една канадска државјанка на меѓународниот аеродром во Богота, Колумбија, во очигледна бременост, паднала на пат кон авионот за Торонто, а кога полицајката и се доближила за помош, таа агресивно реагирала особено кога на прашањето кој месец е бремена. Полицајката со сомнеж ѝ го допрела стомакот, кој бил студен и прецврст. При претрес откриле дека станува збор за лажен труднички стомак полн со два килограма кокаин.

Таа сега ќе одговара за шверцување, поседување и за производство на дрога, за што се добиваат до осум години затвор. Во колумбиските затвори моментно има 874 странци, повеќето поради дрога. Само годинава на аеродромот во Богота се фатени 50 странци, кои носеле дрога.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top