| четврток, 6 декември 2018 |

Обид за нарачано убиство во Штип

pistol

СВР Штип поднесе посебен извештај двајца штипјани осомничени за обид за убиство од користољубие при што едниот од нив го нарачал, а другиот се обидел да лиши од живот 28- годишен сограѓанин.

Полицијата против Г.Д(27) од Штип поднесе кривична пријава поради основано сомнение дека сторил кривично дело „убиство во обид“ казниво по чл. по чл.123 ст.2 т.4 (од користољубие) и т.5 (по порачка) и против П.В.(62) од Штип поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Убиство во обид“ казниво по чл.123 ст.2 т.4 (користољубие или други ниски побуди) а во врска чл.19 (обид) и чл.23 (поттикнување) од КЗ на РМ.

На 17-ти јули годинава во временскиот период од 00,40 до 01,05 часот, првопријавениот по претходен договор и поттикнат со парични средства од страна на второпријавениот, го пречекал оштетениот Д.И. (28) од Штип пред гаражата од неговата семејна куќа лоцирана на ул „25-ти Мај„ во Штип и со намера да го лиши од живот од зад грб со тврд предмет го удрил во пределот на главата, а кога Д.И. се обидел да избега, истиот го стигнал, го турнал на земја и продолжил со ударите по главата, телото и нозете се додека не бил прекинат од реакцијата на околните соседи кои вознемирни и исплашени од настанот излегле на терасите од своите куќи.

Првопријавениот исплашен да не биде откриен и фатен избегал од местото на настанот. Од извршениот напад Д.И. се здобил со тешки телесни повреди на главата и по телото и поради тежината на повредите истиот ден бил пренесен во Државна болница во Скопје.

Во обавениот разговор со второпријавениот, истиот изјавил дека е во роднинска врска со Д.И. и дека подолго време со неговиот татко имале семејни недоразбирања заради поделбата на имотот, односно куќата во која живееле и дека критичната вечер кога било извршено наведеното кривично дело бил на работа.

Првопријавениот во моментов е во бегство и во тек се мерки за негово пронаоѓање.

Од страна на Истражен судија при ОС-Штип на второпријавениот му е одрдена мерка притвор во траење од 30 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top