| четврток, 6 декември 2018 |

Косово ја крева рампата

blace

Косово до утре изутрина ќе ја крене рампата за македонските производи, а се очекува да биде укината и влезната такса за косовските граѓани и возила при влез во Македонија, објавија Косовската радио-телевизија и „Косовапрес“.

Во Скопје денеска е косовскиот вицепремиерот Хајредин Кучи, на средби со македонски владини претставници, со цел да се надминат несогласувањата.

Претходно, македонскиот министер за економија Ваљон Сарачини изјави дека очекува проблемот со Косово да биде решен денеска.

– Наоѓањето решение е врвен приоритет на владите на двете земји и треба да се случи. По средбите што ги имавме во Приштина со министерот за трговија и финансии, сметам дека работите се движат во вистинска насока. Дијалогот е почнат, создадени се услови за почнување на процес што треба да придонесе до заемноприфатливо решение за двете страни. Денешната средба на високо владино ниво треба да резултира со конечно решавање на проблемот – изјави Сарачини.

Косово изминатиот викенд воведе забрана за увоз на македонски производи, на што македонските власти одговорија со наплаќање такси за влез на косовските граѓани и возила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top