Марија Шарапова во гостувањето кај познатиот Лери Кинг, откри зашто нема другарки помеѓу тенисерките.
Руската тенисерка откри дека во светот на тенисот нема ниту една пријателка, дури ни за кафе.
Имате ли пријателки од тенисот?
-Немам.
Зошто?
-Тенисот е индивидуален спорт . Не можам да си замислам да сум пријателка со некоја со која ќе излезам на теренот и ќе се борам за победа. Не ми е нормално“
Зарем ниту една тенисерка не ви е ни малку драга?
-Секој има свој свет во кој си живее. Сите ние сме тенисерки, но не мора да значи дека имаме исти интереси.
Шарапова го пропушти последниот Гренд слем турнир САД опен, поради повреда на рамото, но со сигурност можеме да заклучиме дека не навивала ниту за една.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



