Општина Аеродром прогласува „Слободна зона за журка“. Фестивалот за првпат оваа година ќе се одржува на 27 и на 28 септември, во на новиот стадион до МЗТ салата.
За првиот ден е најавена шестчасовна хипхоп-забава со повеќе артисти, а 28 е закажан за рок-забавата, која, исто така, ќе трае шест часа.
Како главен артист на петочната вечер ќе настапи Слаткаристика, додека следниот ден на бината ќе настапат „Ареа“. Веќе другата недела се очекува да бидат претставени и другите учесници на фестивалот.
Фестивалот е од отворен карактер и со бесплатен влез за сите посетители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


