Поранешната топ-5 тенисерка на планетата, Ана Чакветаѕе објави дека се простува од професионалните на стапи на тениските турнири, а причиниата е што подолго време не успева да се врати на патеките на успехот. Русинката со грузиско потекло има 26 години и беше една од најтелентираните тенисерки во нејзината генерација.
Во 2007 година Ана се искачи на петтата позиција на ВТА-листата, што и е највисок рамкинг во кариерата, а истата сезона играше во полуфиналето на гранслемот во Њујорк.
Веднаш потоа имаше неочекуван проблем, кога во Подмосковје, каде што живее, во домот и влегоа насилници. Нејзиниот брат беше малтретиран од криминалците, а во тие моменти и Ана била во станот, но провалниците на ја забележале. Оттогаш почна надолниот тренд во кариерата на тенисерката од Москва и таа не успеа да ги повтори извонредните игри од претходниот период.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


