По успешната премиерна изведба во рамките на фестивалот „Охридско лето“, Драмскиот театар на 5 октомври ја најавува скопската премиера на претставата „Кафкаски круг со креда“. Брехтовото дело е во режија на Златко Славенски, а улогите ги толкуваат: Васил Зафирчев, Сања Арсовска, Благој Чоревски, Борјан Давковски, Рубенс Муратовски, Филип Трајковиќ, Диме Илиев, Роберт Вељановски, Драгана Миленковска, Златко Митрески, Соња Стамболџиоска, Игор Георгиев и Александра Павлова.
Драмскиот театар од Скопје го најавува и почетокот на новата сезона со претставите: „Грев или шприцер“ на 18 септември, „Последните Македонци“ на 19 септември и „Солунски патрдии“ на 20 септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.