Штипјанецот Цане Јанев пред пет дена исчезнал без секаква трага, информира неговото семејство, кое побара помош од граѓаните и од медиумите во пронаоѓањето на нивниот роднина.
Тој бил облечен во црна блуза и во црни панталони, има бела кратка коса и видлив мал физички проблем на левото око.
Јанев, според неговата сопруга, има проблеми со видот. Семејството последен пат го видело во недела, во населбата Кадидере, кога добил повик на телефон, по што исчезнал во непознат правец.
Семејството неколку пати се обидело да контактира со него на мобилниот телефон, но неуспешно бидејќи исчезнатиот е недостапен.
Случајот е пријавен и во СВР Штип. Се молат сите граѓани што имаат каква било информација за исчезнатиот да контактираат со неговиот син и со неговата сопруга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Приведен штипјанец: Ги соблекол пантолоните пред школски двор и повикувал малолетнички да дојдат
-
Ова е идентитетот на штипјанецот кој се удави во Индискиот Океан – Ангел бил поранешен припадник на АРМ
-
Мртов пијан штипјанец возел камион низ Бугарија
-
Цело лето штипјанец им се заканувал на двајца министри и на еден пратеник преку „Фејсбук“