| четврток, 6 декември 2018 |

Ноќеска апсени паркобраните кај Бристол

parkobraniВо ноќна полициска акција се приведени активистите кои во изминатиов месец се собираа пред паркот во центарот на градот во близина на Бристол со цел да спречат изградба на објект, објави Радио Слободна Европа.

Според РСЕ полициската акција била спроведена во 1 часот по полноќ, а приведените биле ослободени по пет часа. Тие добиле прекршочна пријава за нарушување на јавната чистота.

Во центарот на градот се уште е забележливо зголемено полициско присуство и блокирано улици. На официјалната фан страна на граѓанската иницијатива Паркобрани е напишано дека над 400 припадници на специјалните полициски сили го “окупира” центарот на градот уапсиле десетина активисти кои биле собрани во паркот каде што е планирано да се изгради административен објект.

Информацијата за апсењето на активистите  се уште не е официјално потврдена од полицијата, но на терен не е дозволен пристап ниту какво било снимање во близина на случувањата. Според видеата кои што ги објавуваат локалните жители од своите домови на Јутјуб во паркот околку Бристол се поставува ограда и се подготвува за градба. На социјалните мрежи и на интернет порталите утрово е објавена информација дека бил ориведен и директор на ЈП паркинзи Центар. Дел од приведените тврдат дека бил уапсен и советник во Општина Центар. Но и за ова се уште нема потврда, пренесува РСЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top